| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот стејт департмент го повика СДСМ да се врати во Собранието

­

stejt department

 

Охрабрени сме од чекорите на Владата да ги смени клучните министри и функционери и ја повикуваме опозициската партија да се врати во Собранието, изјави Џеф Ратке, портпарол на Стејт департментот, на прашање за состојбата во Македонија, јави МИА.

Ратке потсети дека САД и европските држави упатиле повици до двете политички страни во Македонија. ­ Одблиску ги следиме настаните во Македонија и заедно со нашите европски партнери сме во тесни консултации со македонската влада и со политичките лидери, да ја пренесеме нашата загриженост за актуелната политичка криза. Ги повикуваме двете страни да го почитуваат правото на мирно собирање и протестирање, при што ќе се воздржат од насилство. Ги повикавме властите да направат чекор кон одговарање на обвинувањата за нерегуларности кои излегуваат од неодамна објавените материјали. Исто така, ја повикавме опозициската партија да се врати во Собранието, каде што ќе учествува во зајакнување на собранискиот надзор врз владините институции, вклучително и во анкетна комисија за објавените материјали. Охрабрени сме од минатонеделниот чекор на Владата да смени клучни министри и функционери кои беа имплицирани. Сметаме дека тоа е позитивен чекор, но веруваме дека македонските лидери мора да работат заедно и да почнат дијалог за прашањата кои ја спротивставија земјата, меѓу другото и за неопходните реформи и за актуелната политичка криза – изјави Ратке, на прашањето што САД прават за Македонија да се врати на патот на евро­атланските интеграции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top