| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Пјонгјанг не сака да преговара

кери

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска дека неодамнешната севернокорејска провокација со нови тестирања на своето оружје покажале дека не се ни блиску до преземање чекори неопходни за продолжување на преговорите со Вашингтон за денуклеаризација.

Во обид да ги заживее преговорите за денуклеаризација кои долго беа во застој, Кери наведе дека Вашингтон е отворен за разговори со Пјонгјанг иако повтори дека севернокорејската власт мора да покаже вистинска посветеност за запирање на својата нуклеарна програма.

– Во овој момент, посебно земајќи ги предвид нивните неодамнешни провокации, јасно е дека Северна Кореја не е ни блиску до исполнување на тој стандард – истакна Кери и додаде дека наместо тоа, Пјонгјанг продолжува со тестирање нуклеарно оружје и балистички ракети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top