Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо, истакна дека најголемиот трофеј за клубот оваа сезона е младиот Рубен Лофтус-Чик.
Тој потекнува од академијата на „сините“ од Лондон и се очекува да биде стандарден следната сезона според зборовите на Португалецот.
Лофтус-Чик одигра два меча за Челси оваа сезона во Премиерлигата и еднаш настапи за сенироскиот тим во Лигата на шампионите.
Имаме одлична соработка со академијата. Оваа сезона најважна титула за академијата беше Лофтус-Чик, а не освојувањето на Лигата на УЕФА за млади или ФА Купот. Рубен е најголемиот трофеј – вели Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.