| четврток, 6 декември 2018 |

„Алма Малер“ и „Дневникот на хулиганот“ на фестивал во Благоевград

Буто-перформансот „Дневникот на хулиганот“ и претставата „Алма Малер“, работени по текстови на Сашо Димоски и во режија на Васил Зафирчев имаа успешна презентација на третиот Интернационален театарски фестивал „Тара-Ра-Бумбија“ во Благоевград, Бугарија.

Двете се во продукција на Арт-маркетинг, а учествуваа на покана на селекторот на фестивалот Василка Бумбарова. Двете претстави беа изведени во официјалната програма насловена „Територија за млад театар“.

Покрај уметниците од Македонија, кои беа специјални гости и единствени од странство, на фестивалот кој се одржува од 12-ти до 22-ри мај ќе настапат повеќе национални театари и независни театарски продукциии од Бугарија со најзначјаните претстави од изминатата сезона.

Следната изведба на буто-перформансот на Зафирчев е на 20-ти мај во Арт-салонот на Скопскиот саем, а „Алма Малер“ е на редовен репертоар на МНТ на 26-ти мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top