| четврток, 6 декември 2018 |

Евростат: Бугарија со најниски, Скандинавија со највисоки даноци

Даноците во Бугарија ќе бидат најниски во ЕУ, додека највисоки остануваат во Скандинавските држави, покажа статистиката на Еуростат за 2013 година. Оттука во данокот на доход во Данска е 55,6% односно   56,6% во Шведска. Корпоративните даноци пак достигнуваат до 25% во Данска и 22% во Шведска. Данокот на додадена вредност е 25 отсто и во двете земји.

Во Бугарија пак данокот на доход и корпоративните даноци изнесуваат 10 проценти. Износот на ДДВ пак е во рамките на 20 отсто, покажуваат податоците на Евростат.

Во просек во ЕУ даноците на доход се бележат мал раст во 2013 година до 38,3%, наспроти 38,1% во 2012 година. Корпоративните даноци достигнуваат просек од 23,5% во Унијата, додека просекот на ЕУ во однос на висината на ДДВ е  21,3% за 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top