Редакцијата на Списанието за уметност „Сум“ воведе награда за театарска критика и годинава членовите на жирито во состав: Јордан Плевнеш, Блаже Миневски и Трајче Кацаров едногласно одлучи наградата да му биде врачена на Христо Петрески за серијата објавени театарски рецензии во текот на 2012 година. Со своите текстови за претставите: „Животот на Молиер“, „Хенри Шести“, „Госпоѓица Јулија“, „Енциклопедија на изгубеното време“, „Човекот перница“, „Генетика на кучињата“, „Декамерон“, „Домот на Бернарда Алба“ и други, како и со останатиот творечки ангажман, Петрески остава траен белег како долгогодишен критичар, есеист, писател, извадач и професор.
Името на наградата која во иднина ќе биде традиционална е „Ерго СУМ“, а годинава ќе биде врачена на 27-ми март, на Светскиот ден на театарот во просториите на Универзитетот ЕСРА во 11 часот. Инаку, наградата се состои од уметничка слика, статуетка и плакета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.