Во мултимедијалниот културен центар “Матица екслузив“ во Скопје, вечерва (понеделник,18 мај) во 19 часот ќе се одржи книжевна средба со словенечкиот писател Андреј Блатник, на која ќе биде промовирано македонското издание на романот “Измени ме“, што деновиве го објави “Матица македонска“ од Скопје, во превод на Соња Должан. За делото на познатиот писател ќе говори проф.д-р Весна Мојскова Чепишевска.
Андреј Блатник е роден во 1963 година во Љубљана, Република Словенија.Автор е на значајни прозни дела, за кои е добитник на престижните словенечки награди “Златна птица“, “Жупанчичева награда“ и на наградата на “Прешерновиот фонд“. Неговите романи се преведени на дваесеттина странски јазици и се високо вреднувани од страна на литературна критика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.