Во вторник, 19 мај, во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоција на поетска збирка и цеде „Минден Вернакулар”.
Овој мултимедијален обид почна како поезија на хартија, а продолжи со спријателување на стихот со звук, движење и илустрација кон независно оживување на мртвата природа на напишаниот збор преку дијалогот. Тој дијалог во кој звукот зборува, зборот музицира, танцот слика, а илустрацијата перформира, е дискусија во која од хоризонтално рамниште секој автентичен свет го комуницира своето мислење за материјата рефлектирана во песната.
Кон средбата на сите овие јазици се гледа како на помирување на разликите кои постојат помеѓу каналите за пренесување на мислата, при што преостанува уживање на идејата на конкретната лирска творба во сеповрзаноста на присутните медиуми.
На страниците од книгата, идеите се претставени преку писмото на поезијата. Во прилог на оваа збирка се наоѓа цеде со експерименталниот дијалог помеѓу музиката и лириката, во кој група песни ја доживуваат својата музичката инкарнација.
Овој проект, именуван „Дипеив ми“, е отсликување на врската помеѓу двата горенаведени медиуми како дел од генералната замисла. Останатите дијалози се изведени во живо, на настанот по повод објавувањето на збирката, или се веќе на некаков начин дел од материјалната верзија на книгата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.