| четврток, 6 декември 2018 |

Сопственикот на бугарски „Фокус“ пак со лаги за Македонија

krasimir uzunov

Красимир Узунов, сопственик на новинската агенција „Фокус“ и поранешен бугарски воен разузнавач, чија агенција постојано следи сѐ што се случува во државава, во интервју за телевизијата „ТВ плус“ повторно излезе со измислени податоци за Македонија.

Според него, Македонија се движи кон сигурен распад на два дела, западен каде што нема Македонци и источен каде што Албанците се малцинство.

Повикувајќи се на инфомрации од весникот на албански јазик „Коха“, Узунов вели дека само во 18 општини во Македонија немало Албанци.

Македонија не можела да си го врати надоврешниот долг. Овој докажан непријател на Македонија користи само нему позната математика, чии извори се сосема непознати, и вели дека земјава имала 2.125.000 жители од кои, ни помалку ни повеќе, 880.000 биле Албанци.

Па, уште додава дека, државава целиот буџет го трошела на финансирање на т.н. македонска дијаспора, на одржување на црквите и, секако, на споменици и филмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top