-Токму СДСМ е партијата која го смени името на Македонија и тоа неполни 2 години од кога дојде на власт кон крајот на 1992-ра година. Кусо време потоа се прифати референцата БЈРМ со која до ден денес не викаат во ЕУ, во НАТО, ОН, во голем број организации и држави. Тоа го направија без консултација со народот на референдум и со лага кон народот дека тоа ќе трае два месеци и дека потоа ќе се врати уставното име на Република Македонија. Класична манипулација која трае над 20 години. Следна работа, ние ако сакавме да извршиме некоја срамна промена на името па 9 години имавме. Во тие 9 години можевме многу работи да направиме, но како што гледате и како што сите знаат, ниту името ниту идентитетот сме го смениле – рече Груевски.
Премиерот вели дека објавувајќи креирани материјали Заев не успеал да избегне две вистини.
-Првата вистина е дека од разговорите, колку и да се обидувал да ги монтира, јасно се гледа дека стрикно бараме идентитетот да ни биде потврден, гарантиран, не било како, не со одлука на грчки Парламент, туку со Резолуција на Обединетите Нации. Многу сум му благодарен на Заев за тоа. Второ, најмалку 5-6 пати се слуша дека на памет не ни паѓа било што да направиме без организирање на референдум на кој народот ќе го има последниот збор – рече Груевски за Канал 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



