| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел средствата за промотивен материјал на Евровизија, ќе ги донира за Детска клиника

daniel

Македонскиот претставник на Евровизија Даниел Кајмакоски изјави дека средствата планирани за промотивен материјал за Европвизија ќе бидат пренасочени за донација на Детската клиника во Скопје.

Тој се заблагодари на целиот авторски тим кој работеше на „Есенски лисја“ особено на композиторот Јоаким Персон и аранжерот Роберт Билбилов. По одржувањето на втората техничка проба, следеше прва заедничка прес конференција на Даниел Кајмакоски и MERJ.

 

– Пресреќен сум и возбуден што ќе настапам на Евровизија во Виена, градот во кој што пораснав и ќе ја претставувам мојата земја Македонија – рече Кајмакоски.

Даниел и MERJ се подготвуваат за утрешната македонска евровизиска вечер, на која се поканети новинари и делегации од сите држави учеснички.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top