Македонскиот претставник на Евровизија Даниел Кајмакоски изјави дека средствата планирани за промотивен материјал за Европвизија ќе бидат пренасочени за донација на Детската клиника во Скопје.
Тој се заблагодари на целиот авторски тим кој работеше на „Есенски лисја“ особено на композиторот Јоаким Персон и аранжерот Роберт Билбилов. По одржувањето на втората техничка проба, следеше прва заедничка прес конференција на Даниел Кајмакоски и MERJ.
– Пресреќен сум и возбуден што ќе настапам на Евровизија во Виена, градот во кој што пораснав и ќе ја претставувам мојата земја Македонија – рече Кајмакоски.
Даниел и MERJ се подготвуваат за утрешната македонска евровизиска вечер, на која се поканети новинари и делегации од сите држави учеснички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија која го одбележа животот на Субашиќ: Судбината сакаше токму тој да ја шутне кобната топка!
-
Кинезите нема да можат да гледаат „Евровизија“
-
Македонија вечерва настапува 11. на евровизиското полуфинале во Лисабон
-
Утре почнува Евровизија: Македонските претставници продефилираа на синиот килим во Лисабон