| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица починале од горештини во Шпанија

гори

Три лица починаа во Шпанија како последица на невообичаено високите температури за овој период од годината, објавија локалните медиуми.

Шеесет и двегодишен Шпанец и 47-годишен Романец починале вчера во околината на пристанишниот град Валенсија, каде што температурата достигнала 42 степена. Во средата починал и еден работник во градот Надахос.

Ова се најголемите горештини во Шпанија во мај во последните 140 години, од кога и почнала да се мери температурата на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top