„ТАВ Македонија“ најавува дека од вторник на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе воведе автоматизирано плаќање паркинг и дека цените ќе останат исти.
Поставени се три паркинг-машини, од кои две на паркинг-просторот и една во терминалната зграда, во салата за пристигнувања.
– Автоматизираното плаќање паркинг го воведуваме со цел поедноставување на паркинг-услугите за нашите ценети патници, како и модернизација на процесите на работење во рамки на компанијата, соопшти денеска „ТАВ Македонија“, компанија што оперира со македонските аеродроми.
Автоматизираното плаќање на „Александар Велики“ ќе може да се прави и во готово и со платежни картички, исклучиво во денари.
Во првите денови од воведувањето на услугата вработени на „ТАВ Македонија“ ќе стојат во близина на паркинг-машините, со цел доколку има потреба да им помагаат на патниците во процесот на плаќање, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)