| четврток, 6 декември 2018 |

„ТАВ Македонија“ воведува автоматизирана паркинг-наплата на скопскиот аеродром

„ТАВ Македонија“ најавува дека од вторник на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе воведе автоматизирано плаќање паркинг  и дека цените ќе останат исти.

Поставени се три паркинг-машини, од кои две на паркинг-просторот  и една во терминалната зграда, во салата за пристигнувања.

– Автоматизираното плаќање паркинг го воведуваме со цел поедноставување на паркинг-услугите за нашите ценети патници, како и модернизација на процесите на работење во рамки на компанијата, соопшти денеска „ТАВ Македонија“, компанија што оперира со македонските аеродроми.

Автоматизираното плаќање на „Александар Велики“ ќе може да се прави и во готово и со платежни картички, исклучиво во денари.

Во првите денови од воведувањето на услугата вработени на „ТАВ Македонија“ ќе стојат во близина на паркинг-машините, со цел доколку има потреба да им помагаат на патниците во процесот на плаќање, се вели во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top