| четврток, 6 декември 2018 |

Австралиски министер го моли Џони Деп: Престани да шверцуваш кучиња, инаку ќе мора да ги успиеме

France Rum Diary Premiere

Џони Деп пред неколку дена допатувал во Австралија со својата свршеничка Амбер Херд, а со себе во приватен авион ги повел и нивните миленичиња, кучињата Бо и Пистол. Меѓутоа, актерот немал никаква дозвола или документ за да внесување на кучињата во земјата, што според законите на Австралија е недозволиво.

– Доколку не ги врати Бо и Пистол назад во САД, ќе мора да ги успиеме. Само затоа што е тој Џони Деп, не значи дека законите во Австралија не се однесуваат на него – изјавил за тамошните медиуми министерот за агрикултура, Барнаби Џојс.

1

Кучињата сè уште се кај Деп и засега не му се одземени, но актерот добил известување дека има три дена да одлучи што ќе прави со нив, пишува „Си-Ен-Ен“.

– Постои процес низ кој мора да мине секој кој сака да донесе животни во земјата. Мора да добиеш дозвола, кучињата мора да бидат во карантин, па дури тогаш може да ги добиеш. Доколку почнеме да им дозволуваме на филмските ѕвезди дека можат да ги кршат законите, зошто тогаш да не им дозволиме на сите? – рекол министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top