Џони Деп пред неколку дена допатувал во Австралија со својата свршеничка Амбер Херд, а со себе во приватен авион ги повел и нивните миленичиња, кучињата Бо и Пистол. Меѓутоа, актерот немал никаква дозвола или документ за да внесување на кучињата во земјата, што според законите на Австралија е недозволиво.
– Доколку не ги врати Бо и Пистол назад во САД, ќе мора да ги успиеме. Само затоа што е тој Џони Деп, не значи дека законите во Австралија не се однесуваат на него – изјавил за тамошните медиуми министерот за агрикултура, Барнаби Џојс.
Кучињата сè уште се кај Деп и засега не му се одземени, но актерот добил известување дека има три дена да одлучи што ќе прави со нив, пишува „Си-Ен-Ен“.
– Постои процес низ кој мора да мине секој кој сака да донесе животни во земјата. Мора да добиеш дозвола, кучињата мора да бидат во карантин, па дури тогаш може да ги добиеш. Доколку почнеме да им дозволуваме на филмските ѕвезди дека можат да ги кршат законите, зошто тогаш да не им дозволиме на сите? – рекол министерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од солзите ништо не гледав: Актерот проговори за депресијата, разводот, зависноста
-
Што се случува со убавецот од Холивуд: Џони Деп изгледа ужасно, фановите загрижени (галерија) (видео)
-
Му ја бришевме дрогата од лице, а немавме за ручек – телохранителите го тужат Џони Деп
-
Тој ја истепа, таа му зеде 7 милиони долари и еве што направи со парите