Џони Деп неодамна гостуваше во Русија, каде одржа неколку концерти. Сепак, во јавноста најмногу се зборуваше, не за неговите настапи, туку за неговиот изглед. На социјалните мрежи обожавателите пишуваат дека се загрижени дека актерот можеби е болен. Тие коментираат дека на фотографиите е многу блед и видно ослабен.
На фотографиите направени во хотелот „Четири годишни сезони“ во Санкт Петербург, Деп изгледа многу бледо и е многу ослабен.
Заради тоа социјалните мрежи беа преплавени со коментари за загриженост за неговото здравје од страна на неговите обожаватели.
Актерот минатата среда со својот бенд настапи во Санкт Петербург, а два дена претходно гостуваше и во Москва.
Актерот Џони Деп заработи 40 илјади долари од средбите со неговите обожаватели во Москва. Од секоја средба наплатувал по 1.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.