| четврток, 6 декември 2018 |

Тој ја истепа, таа му зеде 7 милиони долари и еве што направи со парите

 

Актерката Амбер Херд, која добила седум милиони долари после разводот од Џони Деп, голем дел од парите ги донирала во хуманитарни цели.

Амбер дел од парите ги донирала во Детската болница во Лос Анџелес, што и ветила дека ќе направи штом ќе ги добие парите од холивудскиот актер со кој беше во краток брак.

Триесет и едногодишната Амбер уште во 2016-та година вети дека парите ќе ги додели на две хуманитарни организации, Американ Цивил Либертис Јунион и Детската болница.

Парот официјално се разведе во јануари 2017-та година, а потврдено е дека Амбер навистина парите ги донирала во хуманитарни цели, како што ветила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top