Стотици граѓани на Струмица денеска на масовен протест побараа оставка од градоначалникот Зоран Заев, откако лидерот на СДСМ вчера беше фатен жив со видео снимката како бара мито од 200.000 евра.
„Дали планирате да се појавите пред струмичани?“, „Струмица не е нечиј чифлик за продавање“, „Вистината за Струмица- 1 евро за 1 метар квадратен“, „Едно евро имаме кај Вице“ беа дел од пораките кои струмичани ги упатија до нивниот градоначалник по избивањето на скандалот.
Револтот на струмичани се појави откако ова е прв ваков темелен случај на градоначалник и политичар да бара мито и за тоа да е фатен на видео снимка. Заев бара по 100 илјади евра за себе при што вика парите да се уплатат кај неговиот брат Вице Заев, а втората половина порачува да се дадат како донација.
По објавувањето на несоборливиот доказ како што се гледа на видео снимката покрај барањето од граѓаните на Струмица тој да си поднесе оставка од градоначалничката фунција, исто така и во СДСМ се повеќе расте притисокот Заев да си оди од лидерската позиција во партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.