Литературната манифестација „Илинден 2015“ свечено ќе се отвори денеска во просториите во Домот на култура „Илинден“.
Со почеток од 19 часот, свое обраќање ќе има градоначаникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, како и писателот Раде Силјан, но и дел од учесниците кои го даваат својот придонес кон издигнувањето на културните вредности кај нас.
Програмата на литературната манифестација „Илинден 2015“ започнува денеска (12-ти мај) со почеток од 12 часот, со средба со писателот Стојан Тарапуза, по повод изборот од неговата поезија под наслов „Од изгрев до залез”.
Свеченото отворање ќе се одржи во 19 часот, а веднаш потоа ќе се отвори изложбата на академскиот сликар Васка Дудин. Ќе се случува и портерт на Гордана Михаилова Бошњаковска и промоција на нејзината книга „Слики”.
Програмата ќе продолжи со музички колаж од Пламенка Трајковска, трио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.