| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Камерон изврши реконструкција на владата по парламентарните избори

камерон1

Британскиот премиер Дејвид Камерон изврши реконструкција на владиниот состав по минатонеделните парламентарни избори, што ја искористи и за пополнување на министерствата со нови министри, што досега ги имаа претставниците на Либералдемократската партија, која беше дел од владината коалиција.

Министерот за финансии Џорџ Озборн, за надворешни работи Филип Хамонд, за внатрепни работи Тереза Меј и за одбрана Мајкл Фалон, останаа на своите функции.Поранешниот лидер на партијата Ијан Данкан Смит, исто така, и натаму останува министер за труд и пензии.

Нов министер за енергија и за климатски промени е Амбер Рад, која на оваа функција го заменува либералдемократот Ед Дејви, додека Саџид Џавид, ја презеде функцијата министер за бизнис, што досега ја имаше Винс Кејбл од Либералдемократската партија.Џавид кој во Конзервативната партија важи за „политичка ѕвезда„ која постојано напредува, претходно беше министер за култура.

Неговата досегашна функција сега му е доделена на ветеранот во редивите на ториевците, Џон Витннгдејл, некогашен приватен секретар на Маргарет Тачер и тој сега, за прв пат, има функција во една британска влада.

Мајкл Гоув, некогашен новинар во „Тајмс“ и претходно министер за образование, сега е именуван за министер за правда.

На парламентарните избори во Велика Британиија, одржани во четвртокот. Конзервативната партија на Дејвид Камерон извојува убедлива победа, што и овозможи самата да ја формира новата британска влада.Ваквата разврска дојде како изненадување, затоа што сите прогнози и испитувања на јавното мислење навестуваа неизвесна изборна битка и предвидуваа создавање нова владина , коалиција.

Најголемиот број британски весници предвидуваа ваква разврска,а дел од нив отворено навиваа за продолжување на досегашната коалиција на ториевците и либералдемократите.

Тие на изборите доживеаја вистински дебакл, губејќи дури 49 пратенички места. Со своите осум пратеници во новиот состав, оваа порано, трета, по големина партија во Британија, сега е сведена на маргините на Парламентот, заедно со Демократската унионистичка партија (ДУП) од Северна Ирска.

Сите досегашни владини министри и неколкумина заменици, од оваа партија во претходната влада, сега не се ниту пратеници во Долниот дом.Нивниот лидер Ник Клег, веднаш по тешкиот пораз на изборите, поднесе оставка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top