Една млада Канаѓанка роди девојче над Пацификот во авион на компанијата Ер Канада кој летал во Токио, изјави денеска портпаролот на авионската компанија.
Дваесетгодишната жена се породила со помош на лекар кој патувал во авионот. Мајката и бебето се добри, рече портпаролот, пренесува Фена.
Авионот Ер Канада кој летал од Калгарј итно слетал синоќа на аеродромот Токио-Нарита.
Ер Канада им дозволува на бремените жени да летаат со авион до крајот на 36.-та недела од бременоста
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.