По последниве случувања во Македонија се поставува прашањето- Зошто опозицискиот лидер ја испрати својата фамилија во Швајцарија?, пишува „Курир“.
Дали Заев имаше некое сознание и информации па пред неколку дена ја испрати фамилијата на луксузно место во далечната Швајцарија?
По ова што се случува почнувајќи од понеделникот до сега- појавување на Црвенковски, насилни протести во кои беа повредени полицајци, објава на креирани материјали со чувствителни теми, па и кулминацијата од денес, Заев треба да одговори дали тој на некој начин има свое авторство зад овие случувања?
Во овие црни сценарија за Македонија, неколку дилеми кружат низ јавноста и премногу е симптоматично што баш овој период Заеви се на одмор во луксузното ексклузивно место Локарно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.