Еден од најжестоките поддржувачи на СДСМ и критичар на владата професорката Мирјана Најчевска денеска објави шокантни тези за полициската акција во Куманово.
Во моментот кога во јавноста кружат информации за тешко повредени полицајци а шпекулациите велат дека загинале тројца полицајци Најчевска ја обвини владата дека употребила непропорционална сила против терористите кои што таа не ги споменува.
Според неа акцијата на полицијата е злосторство против цивилно население. За акцијата во која со бомби автоматско оружје и снајпери се нападнати македонските специјалци таа бара судење и доживотен затвор за министерката Јанкуловска, премиерот Груевски и претседателот Иванов.
Иако јавноста веќе беше информирана дека куќите во кои биле сместени терористите од Косово и Јужна Србија се напуштени куќи, Најчевска бара да не се пукало со тешко оружје и употреба на хеликоптери. Најчевска бара некој да плати затоа што полицијата интервенирала во градска населба а не во воена зона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.