| четврток, 6 декември 2018 |

Заев си поднесол оставка по изборите во Британија

„Еми оти не кажахте како оде таа работа“

Откако тројца претседатели на политички партии во Велика Британија денеска си поднесоа оставки на лидерските места истото го сторил и првиот човек на СДСМ.

По разочарувачките резултати на нивните партии на парламентарните избори на островот оставки поднесоа челникот на британските лабуристи, Ед Милибанд, вицепремиер и шефот на Либералните демократи, Ник Клег, како и претседателот на Партијата на независност на Обединетото Кралство, Најџел Фараж.

На свечена церемонија пред мал круг пријатели и роднини на Заев, попладнево на улицата „Павел Шатев“, Заев изјавил дека се заблагодарува за укажаната шанса од Бранко Црвенковски да ја води СДСМ и дека да знаел порано дека во цивилизираниот свет оставки се дава по убедлив пораз на избори тоа ќе го сторел порано.
Рекол дека е човек од збор и дека ќе ги плати сите сендвичи за протестот на 17 мај, но дека нема да плаќа за превозот на жителите на Центар кои што со такси ќе дојдат на мегдан. На крајот на свеченоста Заев изразил голема разочараност што цела година и некој месец ниту еден од неговите и провладините медиуми не му укажал усно или писмено дека лидер чија партија ќе изгуби со 200 илјади гласа разлика треба да си даде оставка.
„Не грижејте се ногу , ас оставам ја партијата на чоеко кои мога да се справе со народо, тоа е великиот Бранко Црвенковски кој се врнал од Мајами и решил је по треќи пут да се проба за лидер и кога ќе е станел пак прецедател да ми даде оште една амнестија“, изјавил Заев кој им се заблагодарил на британските колеги што конечно видел како треба да се однесува. Неговата одлука била примена со големи аплаузи од членството.
Партијата вечерва не сакаше да ја коментира одлуката на Заев за која тврдат дека е закаснета најмалку 13 месеци. За утре во СДСМ планираат голем хепенинг со швецка маса и гага пиење по повод ситуацијата што ги снајде.

 

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Зајко Кокорајко

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top