| четврток, 6 декември 2018 |

„Марадона“ на Кустурица прогласен за најдобар фудбалски филм на сите времиња

Во Берлин се одржува фудбалскиот филмски фестивал „11 милиметри“. За најдобар фудбалски филм на сите времиња  беше прогласен „Марадона“ на босанскиот режисер Емир Кустурица.

Филмот претставува автобиографско дело за најдобриот и можеби најнаградуваниот аргентински фудбалер Диего Марадона.

Во филмот Марадона отворено зборува за сите теми, меѓу кои и неговата зависност од наркотици и за политичките прашања, при што се изјаснува против глобализмот и политиката на американскиот претседател Џорџ Буш и поранешниот британски премиер Тони Блер.

– Тоа е филм правен со срце. Во филмот ништо не е измислено – истакна Марадона  дека ја надминал зависноста од кокаинот.

Кустурица најави дека има идеја за Марадона да сними и игран филм. Тој документарниот филм за познатиот аргентински фудбалер го снимаше три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top