Во Берлин се одржува фудбалскиот филмски фестивал „11 милиметри“. За најдобар фудбалски филм на сите времиња беше прогласен „Марадона“ на босанскиот режисер Емир Кустурица.
Филмот претставува автобиографско дело за најдобриот и можеби најнаградуваниот аргентински фудбалер Диего Марадона.
Во филмот Марадона отворено зборува за сите теми, меѓу кои и неговата зависност од наркотици и за политичките прашања, при што се изјаснува против глобализмот и политиката на американскиот претседател Џорџ Буш и поранешниот британски премиер Тони Блер.
– Тоа е филм правен со срце. Во филмот ништо не е измислено – истакна Марадона дека ја надминал зависноста од кокаинот.
Кустурица најави дека има идеја за Марадона да сними и игран филм. Тој документарниот филм за познатиот аргентински фудбалер го снимаше три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.