На две избирачки места во Прилеп денеска се регистрирани двајца гласачи како ги фотографиираат гласачките ливчиња по заокружуувањето, информираат од една политичка партија.
Во првиот случај инцидентот се случил на избирачкото место 1381, во Основен суд Прилеп, додека вториот е на избирачкото место 1376, во основното училиште „Блаже Ристески“. Во вториот случај, гласачот е приведен во полицијата, а во првиот имало само јавување во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.