Неодамна Северина во едно интервју откри дека е вљубена во 15 години помладиот фудбалер и син на српскиот пејач Кеба, Игор Којиќ. Но, според пишувањата на регионалните медиуми, нивната врска е договорена и на двајцата им е од корист.
Наводно, хрватската пејачка и фудбалерот свесно и плански решиле да си поиграат со публиката пласирајќи информација дека се во врска.
– Северина е вљубена, но не во синот на Кеба, туку во постар бизнисмен, кој е во брак, а од друга страна Игор е поранешен фудбалер, кој преку приказната за љубовта со пејачката планира да се пробие како фудбалски менаџер – тврди извор за порталот „Наше новине“.
Тој додал дека Северина и Игор, за да го добијат она што го сакаат, ја искористиле помошта на неговата мајка Оља, која од порано се познава со Северина.
Првин се појавиле информации дека се сакаат како тинејџери, а на целата приказна во прилог оди и изјавата на мајката на Игор, која рекла дека е задоволна со неговиот избор.
Изворот тврди дека сите тие што го познават фудбалерот знаат дека Оља е глава на семејството, која ги влече сите конци, па така го убедила и Кеба, кој се противел на таков вид на маректинг дека тоа е добро за Игор, по што тој решил да попушти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!