| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот вселенски брод „Прогрес“ изгоре во атмосферата

Рускиот вселенски товарен брод „прогрес М-27М“ над кој руските инженери загубија контрола поради дефект на антената додека леташе кон Меѓународната вселенска станица (ISS), согоре во атмосферата, објави руската вселенска агенција „Роскосмос“.

Капсулата, која превезуваше повеќе од три тони храна, гориво и други продукти за екипажот на МВС падна од орбитата во 4,04 часот по средноевропско време и во тој момент се наоѓала над Тихи Океан. Падот го потврди и Заедничкиот центар за космички операции на командата на САД, со забелешка дека тие не се занимаваат со процените што се случува со апаратите кога ќе навлезат во атмосферата и евентуалното лоцирање на местото на нивниот пад.

Поголемиот дел од леталата кои се враќаат од МВС согоруваат во атмосферата на земјата поради големата брзина, а помалите нивни делови вообичаено паѓаат во океаните.

Рускиот вселенски товарен брод „прогрес М-27М“ беше лансиран од космодромот во „Бајкунор“ во Казахстан на 28 април, а почна да паѓа он земјата на 29 април, кога беше загубена контрола над него.

Формирана е истражна комисија, која ќе ги утврди причините за губењето на леталото, на кое, според првичните сознанија, не се отворил уредот за примање далечински команди. Резултатите од истрагата треба да бидат објавени на 13 мај, а лансирањето на уште две летала од овој тип е одложено до третиот или четвртиот квартал годинава.

Секоја година се лансираат три до четири товарни бродови „прогрес“, кои носат опрема и храна за опстојување на екипажите на Меѓународната вселенска станица. По извршпената мисија тие се враќаат и согоруваат во атмосферата, Русија досега изведе 62 летови со ваквите апарати, од кои два не беа успешни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top