Висок претставник на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Насер ал Анси, кој во име на екстремистичката група ја презеде одговорноста за нападот на редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ во Париз, загина во Јемен при напад на американски дрон.Ал Анси беше воен стратег на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. Тој неколку пати се обраќаше преку видео-снимки на интернет.Во една од нив, објавена на 14 јануари, тој тврдеше дека неговата група, со посредство на браќата Коуачи, го извршил нападот врз редакцијата на „Шарли ебдо“ во знак на освета поради објавените карикатури на пророкот Мухамед
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.