| четврток, 6 декември 2018 |

Перјаниците на СДСМ го исмеваат Заев: „Форензичарот црпнат од село Муртино“

Првите перјаници на СДСМ го исмеваат опозицискиот лидер Зоран Заев.

На денешната прес-конференција Заев се стави себеси во улога на форензичар обидувајќи се да го објасни случајот со трагичната смрт на Никола Младенов.

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски на својот Facebook профил се потсмева со политичарот кого силно го поддржуваше.

„Најјако беше кога ЗЗ во стил на врвен форензичар се повика на физичките закони и центрифугалната сила“, напиша Ивор.

заев2

Дежурните гласноговорници на СДСМ го засилија исмејувањето, но оние кои го аминуваат секој потег на Заев колку и да е погрешен, се свртија еден против друг.

Така Саше Политико му замери на Мицковски дека не го почитува повикот за единство. Уредникот на порталот полн со пцовки „Доказ“, Рубин Ивановски исто така му замери на Ивор што се осмели да го исмејува опозицискиот лидер.

Симпатизерка на СДСМ, пак, му порача на колумнистот „Ивор, значи како знаеш да прднеш кога не треба“!

Ниту на детето на Фрчкоски не му се допадна постот.

ај

Од друга страна на социјалните мрежи се објавуваат и фотографии со потсмев кон Заев и неговиот последен настап.

И неговите најгласни поддржувачи го проценија Заев, кој со месеци го манипулира народот дека поседува докази за криминали, а “бомбите“ кои ги објавува, напротив, докажуваат дека немало никакво сокривање на докази и целосна транспарентност во постапките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top