| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ објави прислушувани разговори за случајот Младенов

kameri 9 (Custom)

СДСМ денеска на прес-конференција објави нови аудио снимки од прислушувани разговори во врска со истрагата за смртта на новинарот Никола Младенов.

Според лидерот на СДСМ Зоран Заев, сетот аудио снимки меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и портпаролот на МВР Иво Котевски, како и Мартин Протоѓер, како и меѓу директорот на УБК Сашо Мијалков и непознато лице, потврдуваат дека, како што нагласи, има пропусти во истрагата.

– Поминаа две години откако загина Младенов. Денеска презентираме докази и факти кои јасно потврдуваат дека истражната постапка за неговата смрт е водена непрофесионално и неодговорно – рече Заев пред објавувањето на снимените разговори.

– Не претендираме да бидеме истражни органи. Само сакаме да ги споделиме доказите со кои располагаме – посочи Заев.Одговорајќи на новинарски прашања, рече дека најмалку 10.000 разговори на Младенов биле прислушувани. Нема докази, додаде лидерот на СДСМ, дека смртта на Младенов е поврзана со некои негови истражувачки стории.

Пред почетокот на прес-конференцијата, новинар од ТВ Сител на Заев му го врачи Уставот на Република Македонија во знак на протест поради, како што рече, синоќешниот напад на неговата колешка Ивона Талевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top