| четврток, 6 декември 2018 |

Kaлиопи како советник на Александра Ковач

kaliopi

Во следната епизода на „Икс-фактор“, в недела, Александра Ковач и Тончи Хулиќ ќе одберат кои тројца натпреварувачи од својот тим ќе ги носат натаму во концертите во живо, а нивни специјални гости ќе бидат две познати балкански ѕвезди.

Во фазата домовите на судиите, на Александра ќе ѝ помага Калиопи, токму во групата на момчињата каде што се и единствените двајца кандидати од Македонија, Боби Мојсоски и Давид Темелков.

a1422a107b323b8ec62dcecd7c2df106

Тончи Хулиќ, менторот на бендовите, со помош на Петар Грашо ќе одбере три групи кои ќе продолжат со натамошното натпреварување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top