Почна јавниот увид на годишната Предлог-програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2015 година.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предложени се вкупно 197 хектари земјоделски површини во 18 општини – Велес, Градско, Чашка, Прилеп, Долнени, Битола, Пехчево, Делчево, Куманово, Липково, Старо Нагоричани, Свети Николе, Ресен, Валандово, Пробиштип, Радовиш, Струмица и во Гостивар.
Времетраењето на јавниот увид на годишната Предлог-програма ќе трае 10 дена од денот на објавувањето, од 7 до 17 мај 2015 година.
Заинтересираните можат да дадат предлози, приговори и иницијативи на Предлог-програмата во рок од пет дена по завршувањето на јавниот увид.
Земјиштето се планира да се понуди поединечно по парцели или во блокови најмногу до 10 хектари.
По усвојување на годишната програма, продажбата на земјиштето ќе биде по пат на електронско јавно наддавање, а почетната цена е одредена од Бирото за судски вештачења, која е наведена во Предлог-програмата.
Земјоделското земјиште ставено на продажба не е под наем, службеност, закуп или друг товар.
Дополнителни информации земјоделците можат да добијат и на веб- страницата на Министерството за земјоделство и во подрачните единици на Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.