| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја остварува целта за дестабилизација и граѓанска војна

Zaev bomba 3 6 (Custom)

Црното сценарио на Зоран Заев започна синоќа, а продолжува со остварување денес. Она што лидерот на СДСМ подолг период го планираше и за кое во јавноста многу се зборуваше, вчера и денес се гледа на улиците низ Скопје.

Дестабилизација на Македонија, граѓанска војна, Македонец да удри Македонец -јасно се гледа дека целта која ја остваруваат СДСМ и СОРОС, а сето тоа е во лична корист на опозицискиот лидер.

Заев на овој начин сака да ја прескокне волјата на народот и да дојде на власт без избори, а за таа цел е подготвен да направи буквално се.

Колку опозицијата и нејзините главни пулени се подготвени за насилство и немири сведочат бројни нивни настапи и чекори.

Во Скајп комуникацијата меѓу Зоран Верушевски и уште еден уапсен за „Пуч“, јасно беше наведено дека се подготвува граѓанска војна.

grgr

 

Сашо Ордановски повикува на крв по улиците, Бранко Героски бара ескалација на состојбата, а во последната колумна Фрчкоски посакува Македонците да се испоубијат меѓу себе само за да може да се предизвика реакција на меѓународниот фактор.

Од друга страна, додека Зоран Заев се подготвува за граѓанска војна и го турка народот против себе, додека втурнува партиски активисти во немири на улица, семејството на лидерот на опозицијата ужива во луксузно место во Швајцарија. Веројатно во друштво на светските мегапопуларни ѕвезди, бидејќи одмор на оваа локација можат да си дозволат само богаташи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top