| четврток, 6 декември 2018 |

Протест пред Собранието за Мартин Нешкоски

Untitled

Група граѓани вечерва се собраа пред Собранието на Република Македонија во знак на протест по вчерашното објавување на материјалите од страна на СДСМ за убиството на Мартин Нешкоски во јуни 2011 година.

Тие дојдоа пред Собранието откако претходно не можеа да го изразат својот протест пред Владата на Република Македонија, бидејќи пристапот до неа беше оневозможен од полицијата.

Сообраќајот пред Собранието е во прекин, и има полициско обезбедување, Протестот засега се одвива мирно и без инциденти.

Протест пред Владата беше организиран и синоќа, кој ескалира во бнасилство во кое повредени 38 полицајци, неколку демонстранти, а беа приведени 30 учесници во протестот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top