Група граѓани вечерва се собраа пред Собранието на Република Македонија во знак на протест по вчерашното објавување на материјалите од страна на СДСМ за убиството на Мартин Нешкоски во јуни 2011 година.
Тие дојдоа пред Собранието откако претходно не можеа да го изразат својот протест пред Владата на Република Македонија, бидејќи пристапот до неа беше оневозможен од полицијата.
Сообраќајот пред Собранието е во прекин, и има полициско обезбедување, Протестот засега се одвива мирно и без инциденти.
Протест пред Владата беше организиран и синоќа, кој ескалира во бнасилство во кое повредени 38 полицајци, неколку демонстранти, а беа приведени 30 учесници во протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.