| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ калкулира со мирот во Македонија – ја саботира сопствената држава

Protesti bomba martin (4) (Custom)

Бона Лазар Бајрактарова

д-р Бона Лазар Бајрактарова, универзитетски професор

Др. Бона Лазар Бајрактарова, универзитетски професор

СДСМ калкулира со мирот во Македонија! Ја саботира сопствената држава?! Ќе му биде ли дозволено?!

Прашањето е суштествено! За сите нас – за граѓаните на Република Македонија, за државата Република Македонија!

Ќе им биде ли дозволено, на шака деструктивни луѓе од врвот на оваа партија, и уште толку нејзини “страсни” навивачи да ја “запалат” државата! Да го запрат напредокот на Македонија, реституцијата на државата по нивното деструктивно владеење – во “нивното” време! А, тукушто пркнавме!

Немирите, што под лажен превез – “граѓанско незадоволство” се случија вчеравечер пред Владата (на Р.М) зборуваат за смисленото сценарио изрежирано токму од оваа шака луѓе! Тие беа таму, како и секогаш, и секаде каде што се практикува деструкција! Постојанно истите ликови  демоснстрираат, протестираат – наместо да работат! Тоа се тие, кои го имаат одбрано полесниот пат до власта. Ама, таков нема!

Народот има свои услови! Бара (по)средена држава, подобри услови за живот! Бара училишта, болници, патишта, аеродроми, индустриски капацитети, помош/субвенции за поуспешен бизнис (во кој било домен) – има многу побарувања…

Засега, СДСМ не е опцијата која може да го задоволи овој суштествен критериум за добивање на народната доверба!

До следните (парламентарни) избори има време за себедокажување, за покажување на својата визија, добрата идеја, добрата намера за иднината на државата! Тоа (не тупаници!) се очекува од претендентите!

Тупаницата (ви асоцира на деструкција?), социјалдемократите ја ставија на нивното лого! Како симбол на што??? На просперитет на партијата…?

 

Откако не го добија посакуваниот одговор од народот (од интелектуалци, работници, земјоделци, пензионери…) на нивните реторички “бомби” од нелегално прислушкувани разговори, со долг деструктивен вовед од нивниот лидер за “(до)објаснување” на содржината на “бомбите”, зашто ја немаат посакуваната силина,

започнаа многу опасна работа – најавија, а, очигледно почнаа и да практикуваат – насилни, провоцирачки протести, чија цел, според нив самите е “вознемирување на народот заради мобилизирање против власта”! Ученици и студенти ангажираа/жртвуваа да одработуваат за нивната властољубска кауза! – Власт по секоја цена! Ама не на избори! Тоа им е болката!

Одат во напад со одмна прочитана приказна – “ќе ја враќале слободата и демократијата во Македонија?!” Стара, излитена флоскула, секогаш употребувана кога политичкиот субјект нема реална понуда за народот!   Но, денеска, во 2015 тоа веќе не поминува! Не смее да поминува!

Никако да разберат, како тоа актуелната власт, како тоа Груевски го привлекува народот? Како ги привлекува интелектуалците? Врвните уметници! Како овие луѓе може да застанат на страната на оваа, за нив омразена власт?!

Ама, одговорот е многу едноставен – ДОВЕРБА! Верба во она што се креира, создава во државата! Овие девет години покажаа дека довербата е заслужена! (Нека не мислат, дека во ова не се вкалкулирани и грешките; дека не се мисли на тоа – дека може и подобро?!)

Со вчеравечерните немири што ги организираа пред Владата на Р.Македонија, меѓу другото, сакаа да го одвратат вниманието на народот од нивните погрешни интерпретации, од успесите на државата, токму под водство на ним омразениот Никола Груевски – премиерот!

Сакаа да ја заглушат веста која пристигна од Брисел, од Европската Комисија (соопштена од комесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси, на посебна прес-конференција) според која, според најновата пролетна економска прогноза Македонија ќе оствари годинава економски раст од 3,8 проценти, а 3,9 отсто в година; (се работи за растот на домашниот бруто-производ /БДП/, оценет како највисок од сите земји во Европа! Според најновите проекции, растот на БДП за земјите членки на Европската унија ќе биде 1,8 % во 2015 и 2,1 отсто во 2016 година! Кај Македонија – 3,8 и 3,9 отсто!) Ова, се разбира, како потврда и позитивна оценка дојдена однадвор, од релевентната Европска Комисија за успешните економски политики на Владата на Македонија! Ама, оваа вест сакаа да биде забошотена! Тоа го прават секогаш, кога не сакаат да се слушнат добри вести за успесите на/во Македонија, особено ако доаѓаат однадвор!

Ќе признаам, тоа што се случи вчеравечер ме вознемири! Колумнава произлезе токму од тој немир.

Да не им дозволиме да не вознемируваат! Да не им дозволиме да ни го нарушуваат мирот и животот, да не ја ставаат државата во ризик!

Македонскиот народ, сите граѓани во неа заслужуваат да живеат, работат и творат во мир и спокојство! Заслужуваат да ја унапредуваат својата држава заради свое добро, и заради доброто на своите наследници – идните генерации!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top