| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на белгиското воено разузнавање излажал дека со помош на САД се спречени три напади

belgija

Директорот на белгиското воено разузнавање Еди Тестеламанс излажал во 2013 година дека со помош на американската Агенција за национална безбедност и нејзината програма за следење „Призма“ биле спречени три напади.

Во интервју за бриселското списание „Мондиал њус“ Тестелманс тврди дека благодарение на информациите добиени од службите на САД Белгија избегнала три тероритистчки напади.

– Во три случаи беа спречени можни терористички напади благодарение на информацијата, за која може да се претпостави дека била добиена токму од системот „Призма“. Доколку НСА не ни ги дадеше податоците немаше ништо да знаеме – изјави тој.

Истрагата на парламентарната Комисија за контрола на разузнавањето во Белгија ги отфрли тврдењата на Тестелманс. Белгиските медиуми јавуваат дека тој писмено признал дека излажал за целата оваа ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top