| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Безљубни“ во Драмски театар

Bezljubnik (9) (Custom)
Утре, на 6 мај, е закажана премиерата на претставата „Безљубни“ во Драмскиот театар во Скопје (20 часот) по текст на Благица Секулоска, а во режија на Златко Славенски.
Актерската екипа е млада и ја сочинуваат Димитрија Доксевски, Сања Арсовска, Златко Митрески, Наташа Петровиќ и Александар Степанулески.
Петровиќ е гостинка во Драмски, со оглед на тоа дека нејзина матична сцена е Тетарот за деца и младинци.
Bezljubnik (8) (Custom)
Костимографијата е на Ивана Коцева, музиката на Ристо Вртев, видео и аудиоанимација и продукција на Милчо Узунов. Сценографијата и изборот на музиката на две сцени е на Златко Славенски, а сценографската реализација на Тодор Дајевски.
Bezljubnik (4) (Custom)
„Безљубни“ е авторско дело на Секулоска, кое пред четири години беше наградено на конкрусот „Коле Чашуле“ на МНТ. Приказната зборува за љубовта на соврeмените млади луѓе и на недостигот од љубов, нерасчистеното минато, стравот од сегашноста и од иднината.
– Сакам да му се заблагодарам на режисерот кој сметам дека заврши одлична работа на ниво на читање на текстот, се разбиравме и секако целата екипа даде сè од себе за да се добие конечниот изглед. „Безљубни“ е текст кој зборува за недостиг на љубов, за човештвото оптоварено од предмети од материјализам и од несуштественост. Бидејќи „Ако љубов немаш, ништо не си“ – рече изјави Секуловска.
Режисерот Славенски, во текстот нашол и некој дел од себеси.
– Според мене, ова е една квантна физика на различни сеќавања, она дека ништо не постои вистински, а сепак постои болно и трагично. Ми се допадна тоа што покажува дека реалноста која ја гледаме е само виртуелна реалност, што го потврдува и мојот став. Во претставата се покажува дека сите ние сме онакви, какви што сакаме да бидеме, имаме љубов колку што сме спремни да ја имаме – вели Славенски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top