| четврток, 6 декември 2018 |

Во НУБ изложба „Победата над фашизмот. Како се постигна“

Изложбата „Победата над фашизмот. Како се постигна“ денеска ќе биде отворена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Изложбата „Победата над фашизмот. Како се постигна” ја прикажува стравотната слика на геноцидот во СССР и на окупираните територии во европските земји, вклучувајќи го и Холокаустот.

Претставени ќе бидат и материјали за ослободувањето на европските земји од советските војници.

Изложбата може да се види до 12 мај 2015 година. Ја организира Амбасадата на Руската Федерација во соработка со НУБ и е во рамки на низата свечености планирани од Амбасадата по повод 70-годишнината од победата во Големата татковинска војна.

Пред присутните на отворањето ќе се обратат рускиот амбасадор Олег Шчербак и директорот на НУБ Иван К. Заров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top