Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски вечерва призна дека бил свесен дека СДСМ ќе ги загуби локалните избори со голема разлика.
Тој во „Топ тема“ на Телма истакна дека знаел дека тие избори ќе значат тежок пораз за СДСМ.
– Мене ми беше јасно дека локалните избори ќе бидат тежок пораз. Не затоа што граѓаните така сакаат, туку затоа што режимот е така воспоставен – рече Црвенковски.
Една од неговите изјави по изборен пораз е „Народот е во право дури и кога греши“.
На локалните избори за кои говори, победија тројца негови кандидати- Зоран Заев во Струмица, Зоран Дамјановски во Куманово и Андреј Жерновски во Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.