Прислушуваните материјали во 2001 година за аферата „Големото уво“ поранешниот претседател на Македонија Бранко Црвенковски ги добил од анонимен извор. Тој ова вечерва го тврдеше во „Топ тема“ на телевизијата „Телма“.
Поранешниот претседател и премиер на државата Црвенковски го штити разузнавачот Зоран Верушевски, кој беше прв човек на УБК во времето на СДСМ, со тврдење дека прислушуваните материјали во 2001 година му ги дал анонимен извор.
-Во 2001 година, до нас, до Социјалдемократскиот сојуз по анонимен пат, од анонимен извор беа доставени транскрипти од прислушкувани разговори, не од политичари, туку од опозициони политичари, новинари, најчесто критички поставени спрема власта и од други јавни личности. Тогаш немаше прислушувани претставници на власта. Ние материјалите ги дадовме само на оние лица чии разговори се наоѓаа во тие транскрипти, не ги објавивме јавно – рече Црвенковски.
Наспроти ова, има десетици сведоци низ годините кои докажуваат дека Верушевски му ги дал тие материјали, а за возврат Црвенковски го именувал Верушевски за директор на ДБК, потоа и го наградува со место во амбасадата во Рим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.