| четврток, 6 декември 2018 |

Нема повредени во експлозијата пред седиштето на ДУИ во Мала Речица

дуиНема повредени при синоќешната експлозија во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица, информираат од тетовската полиција.

– Непозната експлозивна направа била активирана најверојатно со фрлање во близина на седиштето на ДУИ во тетовската приградска населба Мала Речица, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Вo полицијата, детонацијата е пријавена во 21 часот и 50 минути по што екипа на СВР Тетово излегла на терен. При првичниот увид е констатирано дека од детонацијата нема повредени лица, ниту пак е причинета материјална штета на објекти или предмети, освен на коловозот каде имало кратер. Полицијата трага по мотивите и сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top