Нема повредени при синоќешната експлозија во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица, информираат од тетовската полиција.
– Непозната експлозивна направа била активирана најверојатно со фрлање во близина на седиштето на ДУИ во тетовската приградска населба Мала Речица, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Вo полицијата, детонацијата е пријавена во 21 часот и 50 минути по што екипа на СВР Тетово излегла на терен. При првичниот увид е констатирано дека од детонацијата нема повредени лица, ниту пак е причинета материјална штета на објекти или предмети, освен на коловозот каде имало кратер. Полицијата трага по мотивите и сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.