Четвртата трка од овогодинешниот шампионат во МотоГП заврши со целосна доминација на шпанскиот мотоциклист од тимот на Јамаха, Хорхе Лоренцо.
Тој во текот на тренизните и вчерашната пол-позиција најави дека ќе биде доминантен и од самиот почеток на трката без никакви проблеми го запоседна првото место кое успеа да го задржи до крајот со огромни 5,5 секудни предност пред второпласираниот и актуелен шампион Марк Маркез од Хонда.
Маркез не се ни обиде да го брка првото место на домашен терен концетрирајќи се на налетите на Валентино Роси кој трката ја заврши на третото место.
Со тоа 38-годишниот Роси стана првиот мотоциклист на кого му успеало да стигне до бројката од 200 подиуми во кариерата.
По четвтрата трка во оваа сезона, Валентино Роси води во генералниот пласман со освоени 82 бода. Зад него следи Довициозо со 67, а на третото место е денешниот победник Лоренсо со 62, па бранителот на титулата Марк Маркез со 56 освоени бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.