| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на месецот ќе започне градбата на индустриската зона во Делчево

зона
Од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, претседателот на партијата Никола Груевски најави дека во текот на овој месец ќе започне изградбата на индустриската зона во Делчево.

-Овој месец ќе ја започнеме градбата на последната од планираните 14 технолошко –индустриски развојни  зони во Македонија. Тоа е зоната во Делчево и со тоа освен  четирите готови, сите преостанати 10 ќе се веќе во градба – потенцираше тој.

Нагласи и дека покрај овие технолошко-индустриски развојни зони планираат и други зони низ неколку други општини.

-Форсираме и градба на индустриски зони низ повеќе други општини, со цел во секој регион да имаме спремна инфраструктура за нови инвеститори, независно дали домашни или странски – рече Груевски.

Тој додаде дека е можно да биде продолжена и соработката со Меккензи.

-Имавме заеднички проект со светски познатата консултанстка куќа Меккензи, во правец на дополнителни засилувања на нашите капацитети и организација за привлекување на нови инвеститори кои ќе отворат нови работни места. Можно е да ја продолжиме соработката со нив – истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top