| четврток, 6 декември 2018 |

Се интензивира изградбата на инфраструктурата во индустриската зона „Прилеп 1“

прилеп
Интензивно се доуредува инфраструктурата во индустриската зона „Прилеп 1“, каде се асфалтира главната улица во должина од 350 метри, изјави при денешната посета на зоната прилепскиот градонсчалник Марјан Ристески.- Освен главната улица во индустриската зона, ќе се асфалтираат сите улици во зоната во должина од 700 метри, со што ќе биде лесен пристапот до до сите парцели. Лани беа попставени водоводната и канализациска мрежа. За асфалтирањето од буџетот на локалната самоуправа, се издвоени 13 милиони денари- рече Ристески.

Потсети дека во индустриската зона „Прилеп 1“, кај фабриката „Металец“ беа продадени сите 21 парцела, а моментално се градат 6 објекти за кои инвеститорите имаат одобрение за градба, а за другите, постапката е во тек. Во меѓувреме, за продажба се подготвени 10 парцели во индустриската зона „Прилеп 2“ кај сточното пазариште.

– Таа зона ќе биде наменета претежно за мали и средни претпријатија- рече Ристески.

Интензивно се работи и на уредувањето на инфраструктурата во Технолошко развојната индустриска зона „Алинци“.

– Според најавите во октомври, во зоната со работа треба да започне американскиот гигант од автомобилската индустрија „Гентерм“. Моментално во зоната е донесена струја, веќе е поставена и трафостаницата на ЕВН, се работи на изградба на улиците во должина од 2,1 километар, а се поставуваат и водоводната и канализациона мрежа – рече Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top